Студено, но сончево утро во првиот ден од Новата Година во Охрид. Првите групи туристи користат секој миг за да ги разгледаат убавините на градот. Токму поради тоа екипите на ЈП Охридски комуналец уште од раните утрински часови го „светнаа“ градот. Тие неуморно работеа и денеска и централното градско порачје е комплетно исчистено уште во 8 часот и 30 минути.
Инаку Охрид е преполн со гости за Новогодишните празници. Хотелските капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се исполнети со туристи од нашето соседство пред се од Бугарија и Србија Црна Гора, Косово, Грција, и Албанија но нема да изостанат ни и оние од подалечните земји и домашните кои имаат свои викенд станови .
Синоќа на градскиот плоштад во Охрид присутните ги забавуваа Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески и групата „Камелеон“.
Утрово кафетериите, подготвени за да ги дочекаат гостите на првото утринско кафе. Рестораните и ноќните барови пак, нудат забави за сечиј вкус.