Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, упати срдечни честитки до сите православни верници по повод Божиќните празници.
– На сите православни верници им го честитам најрадосниот христијански празник Божиќ, со најискрени желби за среќно и од Бога благословено прославување на Христовото раѓање. Празничните денови нека донесат радост, здравје, мир и спокој во секое семејство , насочувајќи не кон разбирање, проштевање и добра волја, како и желба за постојан напредок на заедницата. Христос се роди- Вистина се роди!- стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески.