Eдноставен трик за засилување на WiFi сигналот

Во само седум чекори, со една обична лименка, лепак, џебно ноже и ножици, ослободете се од проблемот со слабиот WiFi сигнал, еднаш засекогаш!

 

Имено, лошиот WiFi сигнал во вашиот дом сигурно ви предизвикува главоболка, но за среќа, постои сосема едноставен трик за решавање на ваквиот проблем.

Така, во само седум чекори и речиси бесплатно, можете да го решите овој проблем еднаш засекогаш, а во продолжение дознајте и како!

Чекор број 1 Земете една мала лименка и истата добро исчистете ја од содржината која што била во неа.

 

 

Чекор број 2 Со помош на џебно ноже исечете го дното на лименката.
Чекор број 3 Засечете го и горниот дел од лименката, но притоа внимавајте да оставите околу половина сантиметар – не треба целосно да ја исечете лименката.

 

 

Чекор број 4 Со ножици исечете ја лименката по вертикална линија, спротивно од страната каде што сте го оставиле неисечениот дел.
Чекор број 5 Внимателно “одмотајте ја” лименката.

 

 

Чекор број 6 Со помош на гума за лепење, прицврстете го вашиот “домашен засилувач на WiFi сигналот” на безжичниот рутер.
Чекор број 7 Поставете ја лименката раширена кон предната страна на рутерот, како што е прикажано на сликата, но и во рамките на видеото во продолжение.