Пријавувањето на капачите кои ќе го бараат чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро за празникот Богојавление Водици во Охрид, ќе започне утре на 16-ти јануари (четврток) во 12 часот.
Сите заинтересирани граѓани, ќе може да се пријават во црквите „Свети Никола Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Свети Великомаченик Георги“. Евиденирањето на пријавените капачи ќе се врши заклучно со 18-ти јануари (сабота) до 17 часот.
Пријавените капачи ќе можат да ги извршат потребните медицински прегледи во поставените шатори на охридскиот Црвен крст на 18-ти јануари (сабота) од 19 часот и во утринските часови на 19-ти јануари (недала), на денот на манифестацијата.