МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ прашува зошто молчат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за УНЕСКО ?

Зошто власта и опозицијата три дена молчат за посетатата на делегацијата на УНЕСКО ?

Запрепастувачки е молкот кој три дена ги има обземено како Локалната самоуправа така и опозициската ВМРО ДПМНЕ кои тонат во целосен молк и нити информираат нити бараат информација што се случи минатите три дена додека делегацијата на УНЕСКО престојуваше во Охрид.

Зачудувачка е леснотијата со која владејачката СДСМ ( со целиот нејзин естаблишмент во градската власт ) и целата сега опозициска ВМРО ДПМНЕ ( која претходно беше на власт, а сега има советници во Советот ) молчат или не реагираат и заедно како да се коалициони партнери во јавноста ја игнорираат посетата на УНЕСКО.

Поновата историја на Охрид ја паметат денес живите генерации и тие знаат дека минатите 30 години двете партии СДСМ и  ВМРО ДПМНЕ се менуваа на власт и ваквото заедничко молчење и игнорирање на посетата на оваа мисија на УНЕСКО на Охрид само ги подгрева сомнежите дека двете партии заради блискоста со градежната мафија и бандитите во овој бизнис нанеле несогледлива штета на Охрид која сега сакаат да ја сокријат од јавноста и од граѓаните.

Македонски концепт ги повикува Локалната власт предводена од СДСМ и локалната опозиција предводена од ВМРО ДПМНЕ да соопштат или прашаат што се случи со посетата на претставниците на УНЕСКО и какви се перспективите на Охрид во поглед на негово бришење или останување на списокот на светското наследство.

Доц. Др. Никола Митровиќ Бабе

Македонски концепт

За нормална држава!

Приклучи се, направи промена!