Нема наполнето ниту 17години, а веќе наголемо трча кон својот замислен пат до успехот. Младиот Ален Максути е голема надеж дека Македонскиот Фудбал ќе има иднина .
А.Максути прв пат почна да игра фудбал на 4 годишна возраст , а на 6 години ја започнува својата фудбалска кариера во Охридската Школа Ферплеј Охрид каде настапуваше 7 години има освоено 11 Турнири во Македонија,Србија,Албанија,Црна Гора,Хрватска,Грција,Норвешка како и индивидуални награди за најдобар стрелец , најдобар играч.
Ален настапува за младинската екипа на Г.Ф.К ОХРИД ,а од Јануари настапува и за првата екипа на Г.Ф.К Охрид на позиција Лево Крило под водство на Охридскиот Тренер Драган Бочески. Според прогнозите доколку продолжи со истото темпо , може да израсне во квалитетен фудбалер.
Освен што е фудбалски талент , Ален е и одличен ученик во Спортската Академија во Охрид , а неговите наставници имаат само пофални зборови за него , и неговите тренери што се грижат за неговите фудбалски активности се надеваат дека еден ден својот талент ќе го преточи во вештини кои ќе му помогнат да стане успешен Фудбалер.
Ален вчера настапи за првата екипа на Г.Ф.К Охрид на припремниот натпревар против екипата на Ф.К Караорман , кој ја круниса со Одличен Погодок .
Во продолжение прочитајте го Интервјуто со Ален Максути :
Кога сфати дека она со што сакаш да се бавиш е фудбалот и кој ти беше најголема поддршка во таа твоја одлука?
AЛЕН МАКСУТИ : Кариера на дете спортист ја почнав со Фудбал уште на 4 годишна возраст , како што растев сфатив дека во фудбалот се пронаоѓам , па веќе на 6 годишна возраст моите родители решија да ме запишат во Фудбалската Школа на “ФерПлеј”Oхрид .
Најголема поддршка ја имам од таткоми , кој е мој верен навивач но истовремено и најголем критичар на сите натпревари .
Какво е твоето искуство од фудбалската школа и што е она кое таму го научи?
Игор Настоски е тренерот кој ме калемеше цели 8 години.Знае да препознае талент и да му ја пренесе целата фудбалска техника , лесно е со добар тренер да се добие и добар фудбалер , а треба да се вложи труд , трпение , дисциплина и љубов да се даде.
Кој Фудбалер е твој Идол ?
Мој најголем идол е Кристиано Роналдо , поради него почнав да играм фудбал и тој е причината која го сакам фудбалот уште повеќе.
Денес си дел од екипата на Г.Ф.К Охрид најмлад во тимот . Какви се твоите желби и успеси , дали токму овде го исполнуваш својот сон?
Ален Максути : Веќе мојот сон полека почнува да се остварува го носам дресот на Г.Ф.К Охрид . Во секој натпревар треба да се даде максимумот без разлика дали натпреварот е првенствен , куп или пријателски . Со самото тоа што сум дел од екипата на Охрид е голема одговорност , нема простор да кажеш „Ех денес не ми се игра” излегуваш на терен и играш од срце тоа носи победи.
Охрид Вест му посакува многу успеси во иднина на кои ќе биде горд Охрид и исто така еден ден да биде повикан и за А тимот на Република Северна Македонија.Со ваква борбеност и упорност достоинствено да го вее македонското знаме.