Заев: Гласање за Законот за обвинителство па распуштање на Парламентот, Мицкоски бара експертите да изготват нов закон
Парламентот нема да се распушти на 12 февруари без да се гласа за законот за обвинителство, независно каков ќе биде исходот од гласањето, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој тврди дека законот, заедно со ратификацијата на протоколот за НАТО и законот за одбрана, бил дел од договорот за предвремни парламентарни избори на 12 април.
– Собранискиот спикер Талат Џафери пак, вели дека може да направи отспака за распуштање на паралементот на 12 февруари од само неколку дена. Во спротивно, подготовен е тој да го даде предлогот за самораспуштање на Собранието.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски пак, вели дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да гласа за квалитетно законско решение кое ќе се заснова на мислењата на експертите од јавната расправа.
–Потребно е квалитетно законско решение, а не онакво какво што власта турка на мала врата на само недела ипол пред распуштање на Парламентот. Затоа за ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се робува на суетата на одредени министри и стравот на Заев од одговорност, е прифатливо законско решение кое ќе го изработат и ќе произлезе од самата експертска јавност која беше вклучена во јавната дебата за законот за јавното обвинителство. Да дадеме шанса на професионализмот , знаењето и искуството на експертите и професорите, што ќе биде база за понатамошно усогласување. Да не креираме законско решение за заштита на партиските интереси на поединци, туку решение предложено од експерти кое ќе биде прифатливо за Собранието, напиша Мицкоски на Фејсбук