Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се укинува во 07:50 часот. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато се укинува во 09:05 часот. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Маврово – Дебар се укинува во 11:20 часот.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози на места со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег врне на П.Шапка, во Павлешенци, Делчево и Смојмирово.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.