ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА ПРЛИЧЕВ

Во рамки на чествувањата посветени на Григор Прличев, делегација на општина Охрид предводена од претседателката на градскиот  Совет , Живка Ангелоска положи свежо цвеќе пред спомен бистата на поетот пред НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Општинска делегација предводена од заменик градоначалникот, Ристо Николески цвеќе положи и на гробот на Прличев каде се одржа и панихида.