Дали случајот „Рекет“ всушност е нудење поткуп за слобода ? !

Јавноста е исклучена од денешното рочиште за „Рекет“. Денеска во судницата се  преслушуваат нови докази но според Русковска истите се сензитивни па поради тоа на новинарите им е забранет пристапот во судницата.

„Со оглед дека може да се изнесат детали од приватниот живот на лица, ја исклучуваме јавноста“, рече судијката.

Инаку вчера по преслушувањето на аудиодоказите, се чини како „Рекет“ да добива поинаков тек. Имено од “Рекет“, предметот како да преминува во „Поткуп“.

Од презентираните снимки во судот низ доказната постапка станува јасно дека контактите почнуваат од семејството Камчеви кон Бојан Јованоски, преку семејниот пријател на Камчеви, Зоран Милески кој по нивно барање прави контакти со Јованоски.

Зоран Милески Кичеец: „Барате пет, шест, осум милиони евра! Па знаете ли луѓе колку се тоа пари ?“

Посебно интересна првата снимка од УСБ-то на Зоран Милески, што го доставил до Обвинителството, а се слушаат разговори меѓу него, Бојан Јовановски и Ана Камчева. Оваа снимка беше  тешко разбирлива за јавноста поради шумови на неа, но оваа снимка како и останатите четори според Јанева, ќе откријат кој манипулирал, кој е манипулиран и кој нудел поткуп.

„Дај жити сѐ да го извадам овој мојов“, вели Камчева на снимката.

Во еден дел од снимените разговори кои се пуштаат во судницата се слуша разговор меѓу Бојан Јованоски и Зоран Милески Кичеец кој им сугерира на присутните дека износите кои се бараат од Камчеви за да не одговараат во случајот „Империја“ се несватливо големи и дека нема логика да се бара толкав износ за решавање на предметот.

Кичеец во еден момент го прашува Јованоски дали знае колку се, пет , шест или осум милиони евра ? Дали знае да ја напиши цифрата со толку нули на хартија ?

КАМЧЕВА ГО НАРЕКУВАЛА КИЧЕЕЦ „ПОШТАР“

Во друг дел од снимките се слуша како сопругата на Орце, Ана Камчева му изразува благодарност на Милески затоа што се потрудил да ги поврзи со Боки и Катица и помогнал да почнат контакти со нив, притоа нарекувајќи го со именката „Поштар“.

Новите аудио снимки кои се пуштаат во судницата минатите два дена во извесна мера даваат ново светло на процесот и полека станува појасно дека уцените не почнале од Бојан Јованоски и Катица Јанева кон осомничените во „Империја“ туку напорот го прави брачниот пар Камчеви, кои се обидуваат да дојдат до Јованоски и Јанева со цел да ги поткупат и да го запрат предметот „Империја“, а во тоа го користат нивниот куќен пријател Зоран Милески Кичеец преку кого бараат помош.

фото: Архива
извор СКОПЈЕ 1