ОХРИД СО ПОБЕДА ГИ ЗАВРШИ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРОЛЕТНАТА ПОЛУСЕЗОНА .

Фудбалерите на Охрид запишаа нова победа во зимските подготовки, откако во генералната проба пред почетокот на пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига со убедливи 3-0 го совладаа тимот на Питу Гули. 

Фудбалерите на Охрид со триумф 3-0 (1-0) над Питу Гули ги завршија тест натпреварите во подготвителниот период.

Сигурната победа на „рибарите“ ја најави Ромео Кочоски со погодок во 30. минута, додека теренската доминација во вториот дел резултираше со нови два гола во мрежата на гостите од Крушево.  Кочоски со нов гол зголеми на 2-0, додека во финишот од натпреварот, Александар Целески се запиша во листата на стрелци и го заокружи триумфот на Охрид.

За охриѓани триумфот над Питу Гули е трет во серија, а четврти во подготвителните натпревари. Избраниците на Драган Бочески ги совладаа Караорман (3-1), Велазерими (1-0) и Млади Радник од Србија (4-1). Ремизираа со косовски Кек 4-4 и со Гостивар 1-1, додека минимално изгубија 0-1 на дуелите со Кораб односно Мачва Шабац.

Втората полусезона во второлигашкото друштво стартува следниот викенд. Охрид во првата рунда во локалното дерби гостува кај Лабуништа.