Одлуката за самостоен настап, била донесена на вчерашната седница на Централното претседателство на ДПА во Тетово.
„На седницата, претседателот на партијата реферираше за состојбите, почна дебата, по што се донесе одлука – ДПА сама ќе излезе на претстојните парламентарни избори“, изјави Луан Треси, портпартол и член на Централното претседателство.
ДПА и на минатите избори настапуваше самостојно, кога, забележа најслаб резултат во историјата на партијата – само две пратенички места.