Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Јавното здравје е наша заедничка одговорност. Секој од нас може да придонесе за спречување на ширењето на вирусот и е должен одговорно да се однесува, се вели во апелот на министерот за здравство Венко Филипче.
Затоа повторно апелирам:
Доколку сте биле во некој од ризичните региони во северна Италија, останете во самоизолација 14 дена. На тој начин го штитите своето семејство и своите сограѓани. Доколку за време на изолацијата почуствувате симптоми, контактирајте го локалниот центар за јавно здравје.
На властите, на граница или на медицинските лица кажувајте им исклучиво точни информации. Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество.
Одржувајте лична хигиена и почитувајте ги препораките кои во изминатите 14 дена активно ги комуницираме. На следните линкови се сите потребни информации како да го заштитите вашето здравје и здравјето на другите.