ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦА „ПАРТИЗАНСКА“

Се известуваат жителите на улицата „Партизанска“ кои ги паркираат своите моторни возила на паркингот позади хотел „Дипломат“(населба „Охридати“) и на паркинг просторот позади Студенскиот дом „Никола Карев“ (стар депанданс) дека од 13.03.2020 година (петок), општина Охрид ќе започне работни активности за асфалтирање на овие локации.

За таа цел се упатува апел до жителите да ги отстранат своите возила од овие паркинзи се до завршување на работните активности.