Националниот центар за управување со границите, кој работи во рамките на Министерството за внатрешни работи на Косово, објави дека влезот во Албанија ќе биде забранет .
„Ќе биде дозволен само влез на амбулантни возила или возила на брза помош, комерцијални возила и владини возила. Оваа мерка ќе трае до полноќ на 15 март“, се додава во соопштението.
Владата во Албанија, исто така, го забрани сообраќајот на јавни и приватни возила во Тирана, Драч, Скадар, Лежа, Елбасан, Фиела и Валона.