Откажани Аранжмани за следните Две Недели . + Чаршијата во мрак (ВИДЕО)

https://www.facebook.com/ohridvesti/videos/205423397371860/


https://www.facebook.com/ohridvesti/videos/205423397371860/
https://www.facebook.com/ohridvesti/videos/205423397371860/

Тишина, мрак и ниту еден човек низ центарот.Вака после 18 часот изгледаше Охрид. Под клуч  кафулињата,рестораните и останатите угостителски објекти,чаршијата во мрак – пазарната инспекција до доцна проверуваше дали сопствениците се придржуваат до препораките.Од Угостителскиот еснаф велат дека  угостителите се согласни дека строго ќе се почитуваат правилата  во сите локали без оглед на висината на финансиската  штета која ќе ја претрпат.Но се плашат дека ако ваквата состојба потрае тие ќе бидат приморани и да го намалат бројот на вработени лица.

Сликата од терен покажува дека и голем дел од граѓаните во градот се придржуваат до правилата за превенција. Фреквенцијата на граѓани низ охридската чаршија но и воопшто низ градот е значително намалена.

Во меѓувреме согласно препораките се дезинфицираат и сите јавни објекти и институции во градот,поголемите автобуски превозници информираат дека се дезинфицираат и сите автобуси кои имаат меѓународни, локални и републички линии а вработените работат во соодветна заштитна опрема.