Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави денеска на Инстаграм профилот видео на кое се гледа како се поздравува со унгарскиот премиер Виктор Орбан со лактови, а не со дланки.
„До скоро видување драг пријателе“, напиша Вучиќ.
Вучиќ и Орбан разговараа денеска во Белград за билатералните односи, меѓусебната поддршка и солидарност во борбата против коронавирусот, но и за мигрантската криза и процесот на евроинтеграција на Србија.