Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во улога на национален координатор за странска помош имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. На средбата беа разменети писма за соработка меѓу владите, а беа потпишани и два договори за неповратни грантови за реализација на проекти во секторите здравство и социјална заштита, како и научно – истражувачка дејност во висина од речиси четири милиони евра.
Како Национален координатор на странската помош, ми претставува вистинско задоволство кога од нашите пријатели, како што е Кинеската држава, ќе обезбедиме вака значајна и внимателно таргетирата помош. Дозволете и лично, како доктор, да го изразам моето задоволство што амбасадата, а и државата Кина, одлучија помошта да ја насочат токму во здравствениот сектор, каде навистина најмногу можеме да им помогнеме на граѓаните – истакна Османи.
Тој изрази благодарност до амбасадорот Ѕуо за неговата лична заложба во одржувањето на континуитет во одличната соработка меѓу двете земји.
Денеска е потпишан и втор договор во висина од 620 илјади јуани, или околу 80 илјади евра, наменет за донација за опремување на Институтот за молекуларна биологија.