Членството во НАТО станува реалност. По седум години од воведувањето, шпанскиот сенат, за прв пат денеска ја искористи можност за гласање по електорнски пат. Иако салата беше празна, можноста за поддршка ја дадоа 243 сенатори кои гласаа за прием на Македонија во НАТО и уште 21 кои беа воздржани. Шпанија беше последната од 29те земји членки кои дадоа зелено светло.
Откако шпанскиот крал ќе стави потпис на ратификацијата, што според амбасадорот Сера се очекува до крајот на неделата, Македонија ќе добие покана од НАТО да го предаде веќе ратификуваниот закон кој беше усвоен пред распуштањето на собранието. Владата работи на можности, дали државна делегација ќе го депонира во Вашингтон или ќе има друга процедура. Корона вирусот и забраните за патување може да ги променат веќе подготвените планоиви.