Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје.

Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.

Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.

Повеќе информации ќе бидат познати на прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче закажана за 15 часот.