Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев денес на прес конференција информираше за активностите на МВР за справување со пандемијата и имплементирање на одлуките на владата, и соопшти дека поради состојбата со коронавирусот и спречување на ширење на заразата полицијата во овој момент чува 1.000 лица кои се со наредба за самоизолација.
Тој посочи дека МВР денеска извршило проверки кај 390 лица кои се под здравствен надзор, а 1.267 лица се во самоизолација во Скопје, Велес, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Куманово, Охрид.
Одговарајќи на новинарски прашања, Чулев информираше дека вчера во земјава влегле 2.017 македонски граѓани и 807 странци, а излегле вкупно 2.278 лица од кои 951 се македонски граѓани, а 1.327 странци.
Чулев додаде дека најмногу од овие лица се возачи на камиони.