Маж од Дебар кој имал 63 години е втората жртва на коронавирусот во Макеоднија, соопшти Министерството за здравство. Починал синоќа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Синоќа дошло до нагло влошување на состојбата, а пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород.