Српскиот пеач Ѓорѓе Давид, кој е заболен од Ковид-19, од болницаата каде што е згрижен, во видео интервју што го објави „Блиц“, зборува за тоа каде можел да се зарази и со кого се бил во меѓувреме.
„Свесен за фактот дека од јануари кашлам периодично и многу сериозно, направив преку 2.000 километри токму во периодот од 11 до 14 низ Македонија и низ цела јужна Србија, апсолутно сигурен дека возејќи се во својот автомобил и контактирајќи ги луѓето на начин на кој ги контактирав мислев дека сум заштитен – во смисол не влегувам во толпа. А, потоа го вратив филмот и сфатив дека тие денови бев во контакт со најмалку 500 луѓе. Како некој кој е свесен за природата на својата работа, кој и да ми пријдеше во Македонија се фотографирав, кој и да ми пријдеше во Ниш се фотографирав, исто така во Врање…, не размислувајќи дека тоа може да се случи“, вели Давид во интервјуто.
Целото видео можете да го видите тука.