КОЛКУ ЈА ПОЗНАВАМЕ МАКЕДОНИЈА?

Ако некој странец ве праша што треба да види во Македонија, имате два или три одговори: Охрид, Маврово. Ако ве праша по што е Македонија на пример, единствена во светот, знаете ли да кажете??? Колку манастири или цркви имаме? 

Најголемиот број ќе кажат многу, а повеќе од половина не знаат да набројат повеќе од две, а не па да дадеме патоказ како да стасаат до нив. Е, тогаш странците треба да имаат среќа да налетаат на некој кој знае. Колкумина од вас биле на Беровско или Дебарско езеро, струмичките водопади, сте ја виделе ли прекрасната црква во Радовиш, Св. Јоаким Осоговски и куп прекрасни македонски манастири, сте ги посетиле ли археолошките локалитети и стари градови и знаете ли дека во Македонија ги има за извоз? Еве еден пример, најскапата колекција монети која е продадена е токму од Македонија, и тоа колекцијата пеонски монети кој биле украдени од Македонија, а продадени без никакви последици на аукција во големата аукциска куќа Сотби.

– Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.
Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

– Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија. Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” – мрежата за заштита на природните реткости.

– Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по квалитет е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики останатите (колумбискиот на пример е околу 3, 5 МЕ. македонскиот е замислете 14 морфиски единици!

– Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – „ВИА ИГНАЦИЈА“

– Пештерата Пешна во Македонски брод во „Њујорк тајмс“ е опишана дека е идентична како измислените пештери во „Господарот на прстените“.

пешна


– Во темелите на манастирот „Св. Богородица Пречиста“ ( Кичевско ) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот „Св. Јован Бигорски“ како и во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во с. Рајчица, Дебарско.

– Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба, кој бил инспирација за романот „Гркот Зорба“, живеел во Скопје имал жена деца и во 1942 година починал тука..

– Мајка Тереза, е родена во Скопје.

– За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад кој во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.

– Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен, Охридско, а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма 14 музички ракописи датирани од 10 до 14 век.

– Најстаро дрво во Македонија е Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот. Расте од времето на Св.Климент Охридски, 9 век.

чинар охрид

 – Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец.. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес таа е химна на Арапскиот свет.


– Само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец“ во МПЦ се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко. Од 2003 година до денес, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

– Првиот светски златен медал на македонски фотографи – Браќата Манаки 1905 год. во Битола отвораат ново „Студио за уметничка фотографија“ и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.

– Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години. Докази се неолитската тумба во Чаир, покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина..

– Првата зоолошка на Балканот е во Скопје.

– 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години ( а ние за малце ќе ги потопевме со вештачко езеро…)

куклица


– Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер, Скопска Црна Гора во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на Титаник. Кога бродот тонел, тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод со господа кои не го пуштиле. Плутал се` додека не го нашол единствениот од екипажот кој се вратил по преживеани. Спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.

– Според НАСА, Кокино е четврта на листата на најстари опсерватории во светот.. останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia. Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино, стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.

кокино

чочев камен

– Македонија има 34 планини, 53 езера, природни и вештачки, најстарото во Европа, Охридското, е и најдлабоко на Балканот. Старо е 4 милиони години и во него има 200 ендемски видови кои се од светска важност..

– Во Македонија годишно се произведуваат повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, а пиво 850 милиони литри.

– Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век.

– Анастасие I (Flavius Anastasius) (491-518), византиски цар, е најзаслужен за градбите во Македонија.. Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале итн. се од Јустинијан I…

јустинијан 1


– Првата црква, првата покрстена во Европа е Македонката Лидија. 50 година по Христа, Ап. Павле како пастир на христијанството сакал да оди во Азија, но како што се вели во Библијата и Новиот завет во Дела апостолски 16.13: Преку ноќта на Павле му се јави привид : стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше : Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни ! Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија.. Првата покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала ЦРВЕНИ ткаенини.. Токму црвената боја е сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови, но и борба на востаничките знамиња..

– Лесновскиот Манастир е прва монашка република на Балканот

Во него постоело книжевно училиште – “Лесновски скрипторум” и тоа уште од половината на XI век, но и калиграфско (препишувачко), формирано во XIII век. Се` до 40-тите години од XIX век, во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука, на автохтоното македонско подрачје.

– Според археолозите и геолозите во Македонија, траги на живот има уште од времето на Плиоценот т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот неандерталец од Германија кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост. Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок

– Првите карпести гравири создадени во Македонија и во светот пред 32 000 000 години

Ова е само мал дел од она што го знаеме или не го знаеме за нашата земја и потекло. Како ќе им раскажуваме на странците по што е Македонија уникатна и прекрасна ако не знаеме ни самите..