Некои од фирмите како реакција на кризата ги отпуштија вработените. Како гледате вие на ваквите постапки, дали е тоа оправдано?
Не навлегувајќи во сите поединечни причини за отпуштање на вработените, генерално сметам дека станува збор за краткорочна стратегија, која не му носи ништо добро ниту на трудот, ниту на капиталот, а во крајна линија нема ништо заедничко со определбите за солидарност и меѓусебна лојалност.
Што после завршувањето на кризата? Дали компаниите кои отпуштиле вработени, или значително го намалиле нивниот број, ќе можат да сметаат на вработените кои биле отпуштени уште при првите налети на кризата?! Мое мислење е дека општиот впечаток кон таквите компании ќе биде негативен и тие компании нема да можат да сметаат на нивниот брендинг како работодавач што го имале пред кризата, т.е. тој во голема мерка ќе биде нарушен. Во продолжение на одговорот кон ова прашање, ќе го споделам со вас позитивниот пример на „Костал Македонија“, која во услови на намалени приходи, забавувањето на производниот процес го искористи за натамошно усовршување на вработените, во насока на подобрување на техничките знаења, но и т.н. меки вештини.
Не е отпуштен ниту еден вработен. Дури, од 1 април имаме шест нови вработени, дел се инженери, дел се планери за логистика. Мерките донесени од Владата се почитуваат во целост, а често, на сопствен трошок одиме и над тоа, а сѐ во името на здравјето и благосостојбата на нашите вработени. Сево ова во својата севкупност го сметаме како влог во иднината, бидејќи на таков начин не само што ги подобруваме, прошируваме и облагородуваме капацитетите на нашите човечки ресурси, туку работиме и на зајакнување на меѓусебната лојалност на компанијата и нејзините вработени.
ЦЕЛОСНОТО ИНТЕРВЈУ : https://nezavisen.mk/intervju-so-viktor-mizo-ne-otpushtivme-nitu-eden-od-650-te-vraboteni-tie-se-nash-vlog-za-idninata/
превземно од НЕЗАВИСЕН.МК