Сулејман Реџепи се закани: Не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата

Поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи упати закана до вицепремиерот Бујар Османи и до Владата дека ќе ги повлечат повиците за заштита од пандемијата ако на ИВЗ не и дадат помош, објави ФОКУС.мк.

Фокус пак пренесува објава на „Газета лајм“.

– Ќе пуштиме пак барање, ако не ни одговорат знаеме како да ги потсетиме. Зошто не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата, рекол Реџепи.

фото: Архива