Филипче: Заев и Мицкоски во изолација, новинар заболен од Ковид-19 имал интервју со нив

Зоран Заев и Христијан Мицкоски се во изолација откако е утврдено дека имале интервју со новинар кој во меѓувреме добил позитивен тест на коронавирус.

Првиот резултат од тестот на Мицкоски бил негативен, а Заев е во Струмица и резултатот ќе се знае во текот на денот.

Новинарот од една телевизија кој што е позитивен на тестот за корона Вирус е во Инфективна клиника и е во добра состојба. Тој правел интервју неодамна и со двајцата лидери.

Информациите ги сподели со јавноста министерот за здравство Венко Филипче на вонредна прес конференција изутринава.