Oд петок 17 април во 16:00 часот, до вторник 21 април во 05:00 часот, се забранува движењето за сите граѓани.

За време на викендот што следи, вклучително и понеделник, од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април во 5 часот, се забранува движењето за сите граѓани, пишува на својот Фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.

Воедно, Спасовски пишува дека останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

-Од четврток 16 април 16 часот, до вторник 21 април 5 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава. За лицата над 67 годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10 до 12 часот. Во понеделник, 21 април, за овие граѓани има целосна забрана, пишуваа Спасовски.