Премиерот Спасовски и министрите Османи, Филипче и Адеми одат во домашна изолација

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование Арбер Адеми од денеска одат во домашна изолација во следните 14 дена, потврдуваат од владата .


Оттаму велат дека седниците на владата ќе продолжат да се одржуваат преку видео-конференции како и во последните 5 дена, и дека нема никакви пречки за натамошно функционирање на извршната власт. Покрај министрите, во домашна изолација ќе оди и државниот секретар во Министерството за здравство Владо Милошев.
Петмината, заедно со епидемиологот Жарко Караџовски вчера беа на состанок со локалната власт во Куманово.

Утрово градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски објави дека е позитивен на коронавирус.