Владата на денешната седница усвои уредбите за основното, средното и високото образование со кои се обезбедува непречено функционирање на образовниот систем, информираше министерот за образование и наука, Арбер Адеми.
Како што најави и претходно, сега и официјално е утврдено дека учениците од основните и средните училишта нема да се враќаат во училишните клупи, а наставната година до 10 јуни ќе заврши со учење од дома со примена на средства за електронска комуникација.
Матурантите ќе се запишуваат на факултет со диплома од средно без матура, уписи за првачиња во јуни
Со Уредба укинати се и државната матура, училишната матура и завршниот испит за матурантите.
„Ги уредивме и уписите во оваа академска година на високообразовните установи, покрај веќе утврдените услови ќе можат да се запишат и учениците од завршните години од учебната 2019/2020 година со дипломата од завршено средно образование“.