Исламската верска заедница во РСМ , од првите денови од воведувањето на пандемијата Ковид19, со цел да го заштити здравјето на граѓаните и земајќи ги предвид препораките и предлозите на државните здравствени тела, и потпирајќи се на фундаменталните исламски принципи, одлучи да ги суспендира колективните молитви во џамиите.
Исламската верска заедница внимателно ја следи состојбата на здравјето во земјата, со намалувањето на бројот на заразени со вирусот „Ковид 19“ ги оцени барањата на 13-те муфтии, кои се засноваат на барањата на верниците Ријасетот на ИВЗ, на вонредниот состанок одржан на 07. 05. 2020 година ја донесе следнава одлука:
Од 12 мај 2020 година, вторник, џамиите ќе бидат во служба на верниците за да ги извршуваат колективните верски обврски.
Одлуката влегува во сила од денот на нејзиното однесување.
Вреди да се спомене дека за цело ова време на суспендирање на молитвите во џамиите , ИВЗ со сите свои образовни тела и институции, строго се придржуваше до препораките на релевантните институции за заштита на здравјето на населението.
Исто така Исламската верска заедница е единствената верска институција во земјава која јавно побара од исламските верници да се придржуваат кон препораките за одржување на здравјето, иако ниту еден од надлежните органи не даде позитивна оценка за ИВЗ, но напротив, некои кругови блиски до владата постојано ја напаѓаа ИВЗ и лидерот на ИВЗ .
Се надеваме дека оваа одлука на Ријасетот ќе најде разбирање за надлежните државни органи.