Денес е Богојавление – Водици

Денес православните верцници го прославуваат Богојавление Водици.

Водици претставува еден од најголемите и најзначајните празници а се претпоставува дека се прославувал уште од вториот век од христијанската ера.

На овој ден Свети Јован го крстил Исус Христос.

Грците овој празник го нарекуваат Богојавленија множината укажу­ва дека во себе ги собира сите богојавленија од почетокот на светот и векот; а за време на крштевањето на Исус Христос Бог јасно и конечно се пројави како Света Троица, Отец, Син и Дух Свети.

Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Го­лемиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огре­вовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.

И годинава празникот Богојавление се прослави и се одбележа свечено како во Охрид и земјава, така и во странство каде живеат наши Македонци.

Традицијата на значењето, одбележувањето и празнувањето на Водици во Охрид е многувековна, но во последните години се одбележува симболично со осветување на водите на Охридското Езеро и фрлањето на Светиот крст. Како што се забележува од година во година за овој празник Охрид е преполн со гости , туристи од цела Македонија и светот.

Традицијата еволуира, секоја година се додаваат новитети за време на масовното одбележување на овој празник, што укажува дека не станува збор само за копирање на славењето во наредната година, туку на внесување на сопствениот дух и посветеност во силата и значењето на овој ден .