Како што дознава ТВ 24, се разгледуваат повеќе варијанти, а за мерката се планираат околу 70 милиони евра.
Социјалните случаи, невработените, младите, а посебно студентите можно е да добијат еднократна парична помош, која според некои проценки може да стигне и до 10.000 денари.
Освен стимулација на приватната потрошувачка, новите мерки предвидуваат и раст на јавната потрошувачка преку форсирање на капитални проекти.
Новите мерки треба да бидат внесени во ребаланост кој го подготвува Министерството за финансии.