Владата одлучи за празничен полициски час со почеток од 11 часот во недела до 05 часот во вторник.

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница,донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд.

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05:00 часот.