Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Прилеп-7, Велес-2. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.
Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-4 и Охрид-2.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи. Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје.
Досега со скринингот направени се 2248 тестирања на ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 58 пациенти. На кислородна поддршка се 24, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 18 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 3пациенти, еден пациент во тешка состојба е пратен на инфективната клиника во Скопје. На домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 42 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19