Коронавирусот не ги плаши жителите на Шуто Оризари..

Коронавирусот не ги плаши жителите на Шуто Оризари. Во оваа скопска населба раздвижено е и за време на полицискиот час. Дел од жителите велат дека короната е бизнис, а не вирус. Нема ниту еден заболен тука – велат жителите во анкетата за ТВ 24.  Повеќе велат ги плаши тоа што немаат пари како да го преживеат месецот, објави ТВ 24.

„Кога ќе видиме полиција бегаме дома. Ова што е корона, ние го викаме корона бизнис, никој не е болен кај нас во Шутка.“

„Може има стварно корона, но луѓето во Шутка имаат поголеми проблеми, немаат работа, немаат за јадење“

Во Топаана пак мораше да интервенира и полицијата. И тука раздвиженост за време на полицискиот час регистрираше ТВ 24.  Според здравствените власти семејните собири и групирањата се главните причини за повторниот пораст на заболени.

извор: ТВ 24

https://24.mk/details/tv-24-vo-obikolka-na-kriznite-opshtini-vo-skopje-korona-biznis-a-ne-virus?fbclid=IwAR1vPQqEtL733Osr0WNMeXCIXtL2AwO8uG7dKpWKGUlhIQDg9rRf87yl_iY