МАЈСКИТЕ ПЕНЗИИ ЌЕ СЕ ИСПЛАЌААТ ОД СРЕДА

Министерството за труд и социјална политика ја информираа јавноста дека исплатата на мајските пензии ке започне од среда 27 мај.

Исплата на пензиите ке се изврши на 4 групи :

– Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од среда и истите можат да ги подигнат на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.