Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1.Во ГОБ „8 септември” почина пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај.
Евидентиран е пациент од Гостивар (64г.) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.
Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Велес-1, Гостивар – 3, Кочани – 1 и Валандово-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.226, бројката на оздравени пациенти е 1.552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.