Сто и единаесет новозаболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа. Две лица починаа, а шест пациенти се оздравени. Направени се вкупно 854 тестови за коронавирусот.
Со денешниот биланс вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.
Како што соопшти Министерството за здравство најголем број од новорегистрираните случаи се во Скопје – 63, потоа следуваат Куманово – 11, Штип – 12, Тетово – 8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира шест оздравени пациенти, еден во Прилеп, четири во Тетово, еден во Битола.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.
По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера од Скопје е контролен тест, еден заболен од Кочани е од Штип, а од Делчево е од Скопје. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1264, активни 658
• Куманово 556, активни 140
• Дебар 52, активни 1
• Штип 174, активни 136
• Прилеп 218, активни 27
• Тетово 281, активни 119
• Струга 98, активни 25
• Велес 144, активни 30
• Битола 30, активни 3
• Охрид 31, активни 14
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 50, активни 29
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 2
• Крива Паланка 7, активни 1
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 51, активни 20
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)