Вчера на владина седница се разговарало за организацијата на свадби и друг вид прослави, но конкретни протоколи и мерки сè уште нема. Истото се однесува и начинот на работа на хотелите.
„Оваа тема вчера беше разговарана на седница на Владата каде што го задолживме министерот за здравство да се обезбеди предлог од Комисијата за заразни болести за усвојување нови протоколи посебно во овие делови и сектори. Очекуваме денеска или најдоцна до утре да имаме такви предлози и секако дека би ги усвоиле како Влада, имајќи предвид дека хотелите и не се затворени со одлука на Владата. Што се однесува до угостителските објекти кои организираат свадби, секако ги очекуваме предлозите и сугестиите на Комисијата за заразни болести. Јас сум убеден дека не до крајот на годината туку многу порано би можеле и тие да работат“,
изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Засега, рече министерот, нема конкретни проценки колкава е штетата врз хотелиерството од кризата.