Во своето сведочење Нинџа раскажа дека ноќта по изборниот ден на 11 декември 2016 функционерите и раководството од ВМРО-ДПМНЕ ја прославувале победата во Скај бар во хотел Русија, но по два дена се поднеле приговори, па се организирале протести пред ДИК за кои насоките доаѓале од ВМРО-ДПМНЕ.
Нинџа се претстави како бивш соработник на УБК со псевдоним Самурај, кој бил ангажиран во 2015 од страна на тогашниот началник во УБК, Горан Грујевски
Според него, бидејќи Никола Груевски не направи влада, штабот на ВМРО-ДПМНЕ измислило протести „За заедничка Македонија“ со фиктивни водачи да глумат пред народот дека се водачи.
-Отакко бев повикан во штабот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Никола Бошкоски се слушаше расправаа за пари, земени од некоја провизија. Требало кај Божиновски да се дадат, за раководството на партијата, а ги зел Александар, портпарол или шеф на кабинетот, кој беше во просторијата. Александар молеше да му дадат време да ги соберат. Се работеше за 200 илјади евра. Парите беа за протестите и за водачите: Борис Дамовски, Бетмен и Игор Дурловски., кажа Нинџа.