Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19, од кои 4 во Охрид, а 3 во Струга, информира Министерството за здравство. Најмногу нови случаи и денеска има во Скопје – 92, додека во Тетово се регистрирани32, по кои следуваат:
– Куманово 3
– Дебар 5
– Штип 1
– Прилеп 2
– Струга 3
– Охрид 4
– Гостивар 2
– Гевгелија 1
– Струмица 1
– Крива Паланка 1
– Свети Николе 1
– Ресен 14
Расте и бројот на починати од коронавирус. Изминатото деноноќие починати се 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62г), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62г), хоспитализиран пред три дена.
Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69г) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73г) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70г) хоспитализирана на 2 јуни.
Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59г), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69г) а во болницата во Гостивар на пациентка (58г) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на ковид е докажан постмортем.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти: Скопје 2, Прилеп 2 и Тетово 1.
Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159, соопшти Министерството за здравство