Кандидатот за пратеник Кирил Пецаков од редовите на Вмро-Дпмне на денешниот дуел го “прегази” својот соговорник, претседателот на СДСМ Охрид – Лазе Танески.
Лазе Taнески во својот говор кажува како државата оди напред додека Кирил Пецаков ги кажува грешките на СДСМ и дека не направиле ништо за државата. Говорот на телото покажуваше кој како ја поминуваше дебатата .
Така кандидатот Лазе Танески не можеше да ги скрие негативните емоции додека Кирил Пецаков постојано беше насмеан и притоа се шегуваше . Апсолутниот победник на дуелот стана јасен уште на почетокот , каде бројни граѓани пишуваа пораки и подршка за кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков .
На тие што се упатени како работат партиските пропаганди веднаш им беше јасно дека Лазе Танески се обидува да ја намали штетата направена со неколкуте погрешни одговори и покажаната нервоза ( сепак Лазе требаше да го послушат кандидатот од Струга Јован Митрески да го откаже дуелот или да не земе учество )