БАЧЕВ: Повикувам на масовна излезност на изборите

Пред  нас се уште едни избори на 15 јули. Со голема загриженост слушаме за масовен поткуп на гласачи. Со уште поголема загриженост ги примаме и најавите за неизлегување на изборите на еден дел на народот поради здравствената криза. Свесни сме за оправданоста и причините кој го доведоа народот до тоа, кој се последиците од таквиот чин. Природно и уставно право на народот е да управува со државата преку избори и да ја насочува нејзината иднина, но неизлегувањето на изборите оди во прилог на власта. Тие што сега владеат, тоа и го сакаат, мала излезност.

Знаеме дека на овие избори ќе се обидат и да ве заплашат, да ве поткупат, да  ве уценат и да ве скршат. Ако се обидат да ве заплашат, избегнето го конфликтот и не заборавајте, имајте на ум дека деновите на оваа власт се одбројани. Ако се обидат да ве поткупат со пари или со продукти, не ги одбивајте, земете се што ќе ви дадат, тоа е од вашите пари кои со години ви ги крадеа. Ако се обидат со вработување да ве придобијат, не ги одбивајте вработете се, но знајте дека тоа е ваше уставно и законско право кое ви припаѓа вам. Тоа не го прават заради вас, туку пред се заради себе, за да можат и понатаму да владеат, да ја пљачкаат и да ја рушат Македонија.

Што и да прават прифатете, но не дозволете да ве скршат, да ви го уништат духот, да ви го срушат достоинството на човек, да ве деморализираат. Од вас и вашата волја зависи се. Судбината е во ваши раце.

Ве повикувам заеднички да го најдеме излезот од тунелот во  кој со години се наоѓаме. Мудроста е кај вас. Нашата улога како “Единствена Македонија” е да ги слушнеме, проучиме, обмислиме и се обидеме да ги реализираме вашите идеи и предлози.

Ве повикувам, почитувани избирачи, масовно да излезете на изборите на 15 јули. Ние ќе се бориме од вас и вашата волја зависи дали ќе успееме.

“Единствена Македонија” и коалицијата “Никогаш северна –само Македонија” ја бара првата шанса на изборите, тоа може да биде и последната шанса за Македонија.