Заев: Ако ДУИ уценува ,Ќе му отстапам пратеници на Мицкоски или тој мене да ми отстапи

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на вчерашниот дуел изјави :

Ако условот на ДУИ биде кандидатот, нема да преговараме со ДУИ. И сум спремен да му отстапам 13 пратеници, во разговор со пратениците, на Мицкоски, оти толку ќе му требаат за 61, за тој да формира малцинска влада. Доколку тој не сака да ми отстапи 6, за јас да формирам малцинска влада. Никој не смее под уцени да преговара, рече Заев.

На ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одоговри дека математиката на Заев не му е силна страна, и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има доволно пратеници за да формира влада.