Во првата изборна единица од “Единствена Македонија “ и коалицијата “Никогаш северна, само Македонија” денеска имав средби со избирачите на оптините Карпош и Центар. Некаде сме на средината на кампањата, јас сум секој ден на средби со народот и можам да го изразам моето огромно задоволство, бидејќи народот масовно ги прифаќа нашите стратешки определби од платформата “5-ка за Македонија”.
Ние се заветуваме дека нема да отстапиме од заветувањето дека десет стратешки определби од платформата кои се нашиот план и визија за Македонија. Сега е најбитно да си ја вратиме државата назад, а после лесно се решаваат реалните проблеми на народот.
Економската наука се погрижила да изнајде механизми како се прави економски силна држава со убав стандард, какви даноци треба да има и сл. И во економско-социјалниот дел, остануваме во служба на народот, семејството, стандардот, одгледувањето и воспитувањето на здрава, млада популација. Во нашата економска програма предвидовме 1066 мерки за кој нашите пратеници одлучно ќе се залагаат во Собранието.
Значи, се’ се може. Потребни се само чесни политичари. Во Македонија во изминатите 30 години се украдени околу 15 илјади евра. Предвидуваме ревизија и одземање на украденото во приватизацијата на СДСМ и пост приватизацијата на ВМРО ДПМНЕ од позиција на власт во изминатите 30 години.
На Македонија и требаат чесни политичари. Не случајно, постојано бараме од народот да бара од секој кандидат да ја даде на увид својата биографија. Спасот и просперитетот на државата и народот ја гледаме само во чисти политичари без ниту една криминална афера во својата кариера. Повторувам , без ниту една криминална дамка во својата кариера.
На 15 јули ќе заврпиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кои 30 години се менуваат на власт а на државата не и’ оди добро.
Главата горе македонци, ова е наша држава. Ние одлучуваме. На 15 јули гласајте за “Единствена Македонија” и коалицијата “Никогас северна, само Македонија” и бројот 11 за да си ја вратиме државата назад и да ја направиме Македонија со убав еономски стандард за живеење, истакна во зоето обраќање Билјана Џинго.
Почитувани избирачи, како што можете да видите ние и денеска нашата кампања ја конципираме на начин така што остваруваме непосредни средби со граѓаните, очи во очи да ги објасниме нашите стратешки определби и нашите економски мерки, бидејќи знаете партијата “Погреб за Македонија ” составена од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ на овие избори воведе една невидена цензура со усвојувањето на таа уредба со законска сила со која што предвиди на час емитувана програма , телевизиите да ги емитуваат нив по 6 минути а нас само по 10-тина секунди. Од тука ние сме приморани на терен, очи в очи со народот да ги кажеме нашите определби.
Сакам да изразам едно задоволство што народот ги прифаќа нашите определби. Ние со нашата платформа во која предвидовме стратешки определби, фактички со овие определби си ја враќаме државата назад. Со овие определби веруваме дека ќе се поништат анти-македонските договори, ќе се спроведе попис и ќе се анулира лажниот попис од 2002 година, со кој албанците беа лажно прикажани дека се 25,27 %.
Ова што го слушате од Заев од Пендаровски дека договорот со Грција е завршена работа, тоа заборавете го. Тоа е една голема лага, бидејќи договорот е ништовен. Потребно е сега да дојде една храбра, народна влада на власт со желба со волја со храброст да го поништи тој договор. Исто така предвидуваме во нашиот економски пакет 1066 економски мерки со кој ќе ги решиме економските проблеми на народот.
Сега најбитно е да си ја вратиме државата назад , за потоа многу лесно да ги решиме реалните проблеми. Технолошката наука се погрижила и за тоа какви даноци да има, какви економски мерки да се водат потребни се само чесни политичари. Не случајно ние инсистираме народот од секој да бара да ја покаже својата биографија, бидејќи се потребни чесни политичари кои што немаат ниту една криминална дамка во својата професионална кариера.
Гледаме нашите противници Мицкоски и Заев се очајни, тоа се вее уплашени луѓе. Гледате секоја вечер не се расправаат за програми туку се расправаатб меѓу себе за преслушкувани разговори. Тоа е веќе понижување, под секое човечко однесвање, да не кажам некој потежок збор. Тие фактички се занимаваат со приватни разговори, меѓу себе се слушаат, уживаат а тоа е веќе сериозно, навлегува во една психолошка состојба во која луѓето едноставно се уплашени бидејќи знаат дека новата народна власт ќе расчисти со овие предавници, ќе расчисти со криминалната ревизија и приватизација и пост приватизација на ВМРО ДПМНЕ бидејќи во изминативе 30 години се украдени околу 15 милијарди евра.
Затоа гордо македонци. Овојпат доаѓа нова народна власт. Гласајте за коалицијата “Никогаш северна, само Македонија” , заокружете го бројот 11 и да си ја уредиме Македонија како држава како што ја посакуваме.
Сите интерни анкети на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кои што не ги кажуваат во јавноста бидејќи знаете тие како големи пратии прават интерни анкети кои им одговараат и ги кажуваат кои не им одговараат и не ги кажуваат, нивните проценки кажуваат дека ќе освоиме 8-10 пратеника.
Ние не само со ВМРО или СДСМ, ние би коалицирале со секој кој ќе ги прифати овие 10 стратешки определби. Во нив јасно е кажано поништување на антимакедонските договори со Бугарија, Грција. Македонија национална држава на македонскиот народ, со службен јазик македонскиот и неговото кирилско писмо. Поништување на пописот од 2002 и спроведување на реален попис. Ние мора да се преброиме, мора да ја кажеме реална бројка, бидејќи 2002 пописот беше фалсификуван. Ние како “Единствена Македонија” уште во 2009 имаме поднесено кривична пријава со докази во ЈО дека тој попис е фалсификуван. Во 2015 или 2016 предметот го префрливме во СЈО , меѓутоа и Катица Јанева молчеше, го стави во фиока така што мора овие стратешки орпеделби ние да ги спроведеме и мора најпосле да се направи ревизија изземање на украденото во криминалната приватизација, бидејќи 90-та год се спроведе една криминална приватизација што се подели целото богатство кое 50 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. За времето на ВМРО ДПМНЕ од 2006 до 2016 во таа пост приватизација тие ја украдоа другата половина од Македонија. Тоа се две банди кои што мора народот најпосле да им ја испорача пораката да си заминат од политичката сцена.
Почитувани дами и господа, поради ретката можност пред тв медиумите да ги искажеме нашите ставови и заложби денеска ќе направам еден краток микс од делови од заложбите на нашата програма и актуелни ставови за дневно политичката состојба во државата од страна на коалицијата “Никогаш северна, само Македонија”.
Некадарната политичка власт за жал сесрдно потпомогната од алчната опозиција од Р.Македонија направија најизолирана држава во светот. Од оаза на мирот направија пустински остров на балканот, во кој што во наредните две недели ќе се уриваат црни рекорди, небаре сме во 14 век. Додека европските цивилизирани држави слават победа над короната и слават симнувањето на маските, сегашните и поранешни властодржци заслепени од желбата за власт по секоја цена со помош на дискриминирачкиот недемократски избирачки законик безсрамно газат по мртвите и жртвите од корона вирусот. Желбата да се остане или да се дојде на власт е приоритет над приоритетите на овие јавачи на апокалипската дури и во иднина да владеат и со пола држава и со пола народ.
Затоа е потребно граѓаните да се одважат и да се охрабрат на 15 јули и заеднички да ги казниме СДССМ -ДПСМНЕ и ДУИ затоа што тие единствено имаат на ум како меѓусебно да се менуваат на власт, да глумат крвни непријатели а како што е пракса меѓусебно да се амнестираат за сторениот криминал и невидениот арамилак.
Најновите аудио бомби ја потврдуваат дволичноста , лицемерието и егоизмот на лидерите на овие политички партии. Ова е повеќе од скандалозно и неморално. Жално е што новиот закон за Јавно обвинителство овие аудио бомби ќе ги третира како индиции а не како докази. Да имавме нормална демократска и правна држава учесниците во овие аудио бомби одамна ќе беа сместени во казнено поправните установи во РМ.
Токму поради тоа го повикуваме Јавниот обвинител по службена должност, врз основа на индициите да отвори претходна истражна постапка за сторени кривични дела по член 358а и 359 од казнениот Закон од РМ. Тоа е давање и примање награда за против законито влијание. Во ненормални и недемократски услови, принудени сме да спасуваме што може да спасиме. Бараме поддршка од граѓаните на овие избори, овие политички платеници и послушници конечно да ги замениме со народни пратеници кои што ќе бидат постојано во функција на граѓаните.
За таа цел, за да го спасиме сето ова ние во првите 30 дена ќе побараме укинување на Изборниот законик, односно донесување на еден нов, демократски Изборен законик, меѓутоа истовремено ќе бараме и укинување на законот на Јавно обвинителство кој ги штити сегашниве на власт и оние кои ќе дојдат на власт.
Во првите 30 дена ќе направиме конфискација на системите за преслушкување кои се во сопственост на политичките партии и бизнисмени и истите ќе добијат кривична одговорност а секако граѓаните ќе можат да побараат и материјална сатисфакција од сторителите на овие нелегални дејанија. И на крајот сакаме да напоменеме и да го повикаме техничкиот министер Чулев кој што веќе пет дена молчи на прозивките од од сегашниот актуелен директор на Агенцијата за разузнавање за тоа дека во негово време Агенцијата за разузнавање издавала невиситини податоци на Јавното обвинителство. Срамно и жално е да имате министер кој што ќе се крие зад сето ова и кој што нема да и одговори на јавноста. Министер Наќе вие сте на потег да и објасните на јавноста што тоа се криеле за случајот “Диво насеље” во кој загинаа 8-мина македонски полицајци, истакна Кекеновски.