Денеска караванотт на “Единствена Македонија” и коалицијата “Никогаш северна, само Македонија” е во Росоман, Кавадарци и Неготино. Од она што го видовме денеска со граѓаните од овој регион , можам да го изразам своето задоволство што луѓето масовно ја прифаќаат нашата платформа и нашите идеи во оваа изборна кампања.
Во делот на стратешките определби настапуваме со нашата платформа насловена како “Битка за Македонија” во која има 10 стратешки определби со која си ја враќаме државата назад. Овие определби укажуваат на тоа дека ние ќе ги поништиме антимакедонските договори со Грција и Бугарија. Ќе направиме реален попис бидејќи ние мора да се преброиме, бидејќи пописот од 2002 е фалсификуван со кој што албанците лажно беа прикажани дека се 25,17%. Исто така Македонија ќе ја уредиме како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на сите национални малцинства во државата. Службен јазик во РМ ќе биде македонскиот со неговото кирилско писмо и за таа цел се поништи и Законот за двојазичност.
Посебно што сакам да ја промовирам нашата генерална определба на овие избори е тоа што ние се залагаме во иднина, највисоките три државни функции, претседател на Влада, претседател на држава, претседател на Собрание да ги води македонец и православен. Зошто го велам ова? Ние во 2017 имавме една поразителна ситуација во која трите државни функции не ги водеше македонец и православен. Ѓорѓе Иванов не е македонец а е православен, Зоран Заев е македонец а не е православен, Талат Џафери не е православен и не е македонец. Од тука ние ја промовираме таа идеја како во сите нормални земји како што е денеска. Да го споменам примерот со Англија, таму нивните безбедносни сили МИ6 и МИ5 прават проверки до трето колено за кандидат за премиер кој мора да биде британец. Значи како во сите нормални држави, посебно во монархиите ние ја застапуваме оваа идеја во иднина трите државни функции да ги води македонец и да биде православен. Да не бидам погрешно разбран ова не е некој шовинистички излив во сите останати функции на власта можат да бидат и турци, албанци, власи, срби, бошњаци сите останати малцинства.
Длабоко сме убедени дека овој пат народот нема да погреши. Ќе го разбиеме овој дво партизам во кој што ВМРО и СДСМ 30 години се менуваат на власт а на земјата не и оди добро. Впрочем тоа е една партија која ние ја нарекуваме “Погреб за Македонија” кој што 30 години крадат, лажат и ја растураат државата.
Овојпат на 15 јули ќе престанат предавствата. На 15 јули народот ќе победи и народот нема повеќе право на грешка. Ова се историски избори, за нас своевиден референдум бидејќи народот ќе каже дали ќе се зацементира бришењето на се што е македонско од оваа марионетска власт и ќе победат националните патриотски сили на Македонија кои што ќе ја вратат на изворните атомски илинденски определби.
Ги повикувам граѓаните масовоно да гласаат за нашата колаиција. Освен стратешките определби исто така имаме предвидено 1066 мерки во социјално економската сфера. Ние ќе направиме ревизија и враќање на украденото во криминалната пост приватизација. Се сеќавате во 90-те десетина транзициски бандити го украдоа целото општествено богаство кои што години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. ВМРО ДПМНЕ од 2006-2016 во таа пост приватизација грабежот го продолжи. Во изминативе 30 години во позиција од власт се украдени некаде околу 15 милијарди вера. Сето тоа мора да се одземе и конфискува.
Ќе воведеме минимум 10 години затворска кражба за буџетски пари а сериозно размилсуваме да ја вратиме и смртната казна за сторени тешки дела против народниот имот. Ќе ги укиниме приватните извршители, исто така ќе направиме ревизија и на лихварскиот банкарски систем кој што во моментов немилосрдно го краде народот. Сето тоа се економски бројки како што спомнав во вкупна бројка од 1066 .
Го повикувам народот да гласа за “Единствена Македонија” и коалицијата “Никогаш северна, само Македонија” за бројот 11 и да си ја вратиме државата назад. Сега најсуштествено е да си ја вратиме државата назад и потоа многу лесно ќе ги решеме реалните проблеми. Економската наука ги открила механизмите како се прави богата држава, какви даноци треба да има, каква макро, микро економска политика да се води само треба чесни политичари. Ние како кандидати од коалицијата “Никогаш северна, само Македонија” постојано во оваа кампања инсистираме секој да си ја каже својата биографија. Народот да бара од секој кој ја бара довербата да ја каже својата биографија бидејќи спасот на Македонија и просперитот на државата е само во чесни политичари.
Ветивам дека ќе си останеме на овие стратешки определби и затоа ве повикувам масовно да излезете на 15 јули. На 15 јули ќе победи народот. На 15 јули да гласа за коалицијата и бројот 11 да си ја вратиме државата назад и да си ја уредиме Македонија како пристојно место за живеење.