Министерот за економија, Крешник Бектеши соопшти дека е позитивен на коронавирус откако се тестирал во текот на изминатиот ден.
„И покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирус, добив информација дека сум позитивен на тестот за Ковид-19. За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејство по денешното тестирање се негативни на Ковид-19“, напиша Бектеши на Фејсбук.