Од Кабинетот на шефот на државата, Стево Пендаровски, потврдија дека церемонијата за врачување на мандатот ќе се одржи утре напладне и ќе му биде доверен на лидерот на социјалдемократите.
„Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме“, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на Владата.“, информираат од Вила Водно.
Од ДУИ велат дека нивните пратеници не се наоѓаат на списокот со потписи за поддршка на Заев.
Од СДСМ не откриваат од кои се пратеници добиле поддршка и оформено ли е веќе парламентарното мнозинство со над 61 пратеник, односно какви се контурите на новата Влада.