Четвртиот сет на мерки, кој ќе биде донесен веднаш по формирањето на новата влада, ќе биде за пензионерите кои имаат пензии до 15 илјади денари, за невработените, односно неактивни баратели на работа и за самохраните родители да добијат домашни платежни картички, изјави техничкиот премиер во заминување Оливер Спасовски.
Спасовски : оваа влада, ќе биде запаметена по тоа дека во услови на криза, одлучила парите да ги насочи кон граѓаните.